Оваа 2020/21 академска година, кога е и големиот јубилеј – 100 години од раѓањето на великанот Блаже Конески, се навршуваат и 45 години од отпочнувањето со работа на лекторатот по македонски јазик поточно се навршуваат 45 години изучување на македонскиот јазик, литература и култура на МГУ „М. В. Ломоносов“.По тој повод Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје организира
ПРИГОДЕН НАСТАН на далечина
т.е. на платформата Зум
на 18 мај 2021 во 13 часот
на 18 мај 2021 во 13 часот
ПРИГОДНИ ОБРАЌАЊА:
- проф. д-р Никола Јанкуловски, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
- Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин, амбасадор на Руската Федерација во РС Македонија
- Н.Е. Оливера Чаушевска-Димовска, в.д. амбасадор на РС Македонија во Руската Федерација
- проф. д-р Андреј Александрович Липгарт, декан на Филолошкиот факултет на Московскиот државен универзитет „М. В. Ломоносов“
- проф. д-р Анета Дучевска, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
РАБОТНИОТ ДЕЛ ќе го отвори:
проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска, директор на МСМЈЛК при УКИМ
– програма